Битолчани добија 81 денар за штети од земјотрес
Граѓаните на Битола со револт реагираат откако деновиве почнаа да стигнуваат првите парични надоместоци за штетите од земјотресите во јануари 2022 година, кои, според нив, се симболични и не го покриваат реалното оштетување. На социјалните мрежи се појавија сведоштва за исплати од само 81, 192 или 357 денари, што предизвика бран критики кон надлежните институции.

Владата донесе одлука за обезбедување парична помош од пет проценти од проценетата штета, но исплатата, која започна деновиве преку наменска сметка на Општина Битола, е далеку од очекувањата на граѓаните, објави 4news.mk

Земјотресите во јануари 2022 година, со епицентар близу Лерин во северна Грција, предизвикаа значителни оштетувања на станбени објекти, училишта, градинки и Клиничката болница. По катастрофата, Општина Битола формираше комисии за проценка на штетите и изготви елаборат кој Советот го усвои во декември 2022 година и го достави до Владата за финансиска помош.
Според објави на социјалните мрежи, за околу 2.400 граѓани биле одобрени средства во просек од 700 денари по лице, додека за работата на комисијата биле потрошени околу еден милион денари. Овие податоци ја зголемија јавната дебата за начинот на распределба на средствата и за нивната висина.
Граѓаните бараат одговори и ја критикуваат транспарентноста на процесот, оценувајќи дека исплатените суми не одговараат на реалната штета предизвикана од земјотресите.
Извор: 4Њуз

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Битолчани добија 81 денар за штети од…
Граѓаните на Битола со револт реагираат откако…
Тврдења дека Епстин е жив повторно вирални,…
На социјалните мрежи се шири тврдење дека…
Василевска се пожали многу се атакувало кон…
„Се атакувало кон пратениците“ клучната порака од…
Макрон: Европа мора да се однесува како…
Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика Европа…
СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија на ниво на…
СДСМ обвини дека корупцијата во Македонија „цвета“,…