Зеленски сака конкретен датум за пристапувањето на Украина во ЕУ
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика секој мировен договор за ставање крај на војната во Украина да вклучува конкретен датум за пристапување на земјата во ЕУ.
Во објава на социјалната мрежа Х, Зеленски рече дека Украина „ќе направи сè“ за да биде „технички подготвена“ за влез во Европската Унија до 2027 година и оти земјата ќе ги исполни најмалку главните чекори кон членството.
„Сакам конкретен датум“, напиша тој. Зеленски предупреди дека ако договорот, кој треба да го потпишат САД, Русија, Украина и Европа, не содржи специфичен датум за пристапување, Русија ќе работи на блокирање на процесот – индиректно, преку одредени европски претставници, наместо да дејствува сама.
Тој го опиша членството во ЕУ како безбедносна гаранција за Украина, нагласувајќи ја потребата од конкретни детали со фиксна временска рамка.
Зеленски притискаше за пристапување во ЕУ во 2027 година уште на крајот на јануари, и покрај скептицизмот кај некои европски земји. Тој тогаш рече дека членството на Украина во ЕУ би било една од клучните безбедносни гаранции „не само за Киев, туку и за цела Европа“.
Украина се брани од руска инвазија речиси четири години со поддршка од западните сојузници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски сака конкретен датум за пристапувањето на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика секој мировен…
Зеленски: Три деца и татко убиени во…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес објави дека…
Европскиот парламент одобри заем од 90 милијарди…
Европскиот парламент одобри заем од 90 милијарди…
Орбан: Украина и ЕУ отворено ѝ објавија…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан порача дека Брисел…
Падна договор: Европскиот парламент ќе го ратификува…
Политичките групи на Европскиот парламент постигнаа договор…