Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка, забрана за управување, возење под дејство на алкохол и нерегистрирани возила
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 15 возачи, од кои двајца во Тетово и по еден во кочанско, Куманово, Гостивар, струмичко, Струмица, Неготино и Кавадарци затоа што управувале возило без возачка дозвола. Возачот во Гостивар и малолетничката во Кавадарци претходно учествувале и во сообраќајни незгоди. По еден возач во Струга и Велес управувале возила иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија, додека еден возач во Богданци управувал нерегистрирано возило. Исто така, еден возач во Крива Паланка управувал возило под дејство на алкохол и без возачка дозвола, еден возач во Куманово управувал нерегистрирано возило без возачка дозвола и еден возач во Македонски Брод управувал возило под дејство на алкохол и со активна забрана за управување возило од Б категорија. Лицата се приведени во полициска станица, а по насоки на јавен обвинител возилата се одземени и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување односно доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лишени од слобода 15 возачи поради возење…
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници…
Во Белград е уапсен Саит Саитов, 18-годишниот…
На 11.02.2026 од страна на надлежните служби…
Прегазена 69-годишна жена во Скопје, возачот избегал…
На 10.02.2026 околу 16:40 часот во СВР…
(Видео) Трендафилов бара одземање на имунитетот на…
На денешната прес-конференција претседателот на ССМ, Слободан…
Приведен албански државјанин на ГП „Блато“, во…
На 10.02.2026 во 20:25 часот на Граничен…