Грчките фармери денес на протест пред Парламентот

t

Фермери од цела Грција ќе се соберат во петок попладне во централна Атина, поради протест кој е закажан на плоштадот Синтагма, а организаторите најавуваат паркирање на десетици трактори пред Парламентот.

Според најавите, фермерите ќе почнат да пристигнуваат околу 15 часот, а главниот митинг е закажан за 16 часот. Тие планираат да останат цела ноќ и да заминат до пладне в сабота.

Синдикатите, кои претходно исто така закажаа протест на истото место против владиниот закон за колективни договори, најавија дека ќе останат на плоштадот за да ја покажат солидарноста со фермерите.

Властите најавија сообраќајни ограничувања во централна Атина и на главните автопати во регионот Атика поради конвојот.

Фермерите велат дека нивните клучни барања остануваат непроменети: намалување на трошоците за производство, гарантирани цени за земјоделски производи, измени во регулативата на државниот осигурителен систем ЕЛГА и целосна компензација за загуби на културите. Тие истакнуваат дека овие прашања биле разгледани, но не решени во последните средби со премиерот Киријакос Мицотакис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разбиена голема мрежа за даночни измами во…

Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…

Разбиена мрежа за шверц на мигранти во…

Грчката полиција разби наводна мрежа за шверц…

Грција ги забрани социјалните мрежи за деца…

Децата помлади од 15 години во Грција…

Протести и во Грција: Ученици, студенти и…

Грчки студенти денеска поставија шатори во близина…

Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…

Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…