Денеска се празнува Светиот маченик Трифун

t

Роден е во селото Кампсада, во Фригија, од сиромашни родители. Во детството беше чувар на гуски. И уште од детството врз него беше голема Божја благодат и можеше да исцелува болести кај луѓето и кај животните и да изгонува бесови. Во тоа време со Римското царство завладеа царот Гордијан, чијашто ќерка се помрдна од умот и со тоа го фрли царот во голема жалост. Ниеден лекар не можеше да ѝ помогне на лудата Гордијана. Тогаш демонот прозборе преку девојката и рече дека освен Трифун никој не може да го истера. После многумина Трифуни ширум царството, по Божја Промисла го повикаа и овој млад Трифун. Го доведоа во Рим и тој ја исцели царската ќерка. Царот му подари многубројни дарови, а тој на враќање им ги раздели на сиромасите. Потоа ова свето момче продолжи да чува гуски и да Му се моли на Бога. Кога се зацари христоборниот Декиј, свети Трифун беше малтретиран и свирепо измачуван заради Христа. Но, тој со голема радост ги поднесе сите мачења, велејќи: „О, кога би можел да се удостојам во оган и маки да завршам за името на Исус Христос, мојот Бог и Господ!“ Маките не му наштетија ни малку и најпосле мачителите го осудија на смрт со меч. Му се помоли на Бога и издивна, во 250 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: За две години пензиите зголемени за…

Премиерот Христијан Мицкоски за време на денешната…

Екс фудбалер од Србија уапсен во Португалија…

Српскиот фудбалер Урош Милошевиќ (31), во средата,…

ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со…

Фолирантите од ДУИ, пред да отворат уста…

(Видео) Жена влезе гола во фонтана во…

Необична сцена ги изненади минувачите во скопската…

Мицкоски за одлуката на Абази: 14 луѓе…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи…