(Видео) Мицкоски се сретна со Зеленски во Минхен
Премиерот Мицкоски на социјалните мрежи денес сподели фотографии и видео од средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на Минхенската безбедносна конференција.
– Во Минхен остварив средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Разговаравме за актуелните безбедносни предизвици во Европа, за потребата од единство и солидарност, но пред сè за праведен мир.
Веруваме дека мирот мора да биде изграден врз правда, почитување на достоинството на народите. Само таков мир носи стабилност и сигурна иднина за Европа.
Воедно, разговаравме и за продлабочување на соработката, економска размена и поддршка во процесите за напредок на државите. Напредокот е можен кога има визија, храброст и јасна определба.
Македонија ќе продолжи да биде глас на разумот, партнер на стабилноста и поддржувач на праведниот мир. – напиша Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Зеленски ќе се сретне со Трамп за…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…
Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за…
Зеленски: Украина очекува фонд од 2,9 милијарди…
Финансискиот аранжман познат како Листа на приоритетни…
Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…