Стармер до Европејците: Мора да бидеме подготвени за борба!

t

Британскиот премиер Кир Стармер испрати јасна порака до Европејците – мора да бидете способни да се одбраните.

„Мора да ја изградиме нашата тврда моќ бидејќи тоа е валутата на нашето време. Мора да бидеме способни да ја одвратиме агресијата и, да, доколку е потребно, мора да бидеме подготвени за борба“ – рече Стармер.

Стармер вети посветеност на Член 5, еден од основачките принципи на НАТО, во кој се наведува дека нападот врз една членка е напад врз сите.

„Затоа им велам на сите членки на НАТО, нашата посветеност на Член 5 сега е подлабока од кога било и не се сомневајте дека, доколку биде повикана, Велика Британија ќе дојде на помош денес“, рече Стармер.

Тој додаде дека Европа мора да застане на свои нозе.

„Тоа значи да се биде похрабро, значи да се отфрли ситната политика и краткорочните грижи. Тоа значи да се дејствува заедно за да се изгради посилна Европа и поевропско НАТО“, заклучи Стармер во Минхен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стармер до Европејците: Мора да бидеме подготвени…

Британскиот премиер Кир Стармер испрати јасна порака…

Фон дер Лајен: Независна Европа е силна…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Рубио: САД не сакаат слаби сојузници, Европа…

Американскиот државен секретар Марко Рубио на Минхенска…

Пентагон ја притиска Европа: Време е сами…

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им…

Макрон: Во тек се технички подготовки за…

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека…