Две лица загинаа во лавина во Австрија

t

Двајца австриски сноубордери кои беа надвор од пистата на глечерот Штубај во Тирол, западна Австрија, загинаа во лавина, објави полицијата.

Мажите, на возраст од 37 години, кои не се вратиле откако излегле на снегот, беа пронајдени синоќа, но спасувачките служби можеа само да ја потврдат смртта, соопшти австриската полиција по големата потрага во која учествуваа спасувачи, кучиња и дронови.

Лавините низ Алпите веќе одзедоа десетици животи од почетокот на сезоната, а многу скијачки центри издадоа предупредувања за лавини. Во регионот каде што се случи последниот инцидент, во последните денови е во сила предупредување за лавина од ниво 4 на скала од 5 поради големи количини на нов снег.

Во соседна Италија, двајца скијачи загинаа во лавина во неделата, а третиот е во сериозна состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Две лица загинаа во лавина во Австрија

Двајца австриски сноубордери кои беа надвор од…

Пет скијачи загинаа во лавини во Австрија

Пет скијачи загинале вчера во лавини во…

Девојчињата до 14 години повеќе не смеат…

Долниот дом на австрискиот парламент денес донесе…

Лавина затрупа луѓе во Австрија, хеликоптери го…

Драматична спасувачка операција е во тек во…

Австрија нуди 2.200 евра плата и сместување,…

Австриските алпски региони се подготвуваат за почетокот…