Тешка сообраќајна незгода во Скопје – едно лице е загинато
На 17. 02.2026 година во 15:57 часот од Итна медицинска помош во СВР Скопје е пријавено дека на стариот пат за с. Кучевичка Бара, скопско се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило “форд фиеста” со скопски регистарски ознаки и патничко возило “фолцваген голф” со скопски регистарски ознаки.
Како последица на незгодата возачот на возилото “форд фиеста” починал на местото на незгодата, додека возачот на возилото “голф” со возило на Итна медицинска помош е пренесен во КЦ Мајка Тереза – Ургентен центар.
Во моментов сообраќајот по стариот пат за с. Кучевичка бара се пренасочува.
Се преземаат мерки за утврдување на причината за незгодата и за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен 25-годишник од Тетово: Ја нападнал сопругата,…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.…
Храната повторно поскапува во Европа, еве кои…
Цените на храната во Европа повторно почнуваат…
Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската…
Голема полициска акција против организирана криминална група…
Вицепремиерот на Баварија е најден мртов во…
Полицијата во Берлин ја истражува ненадејната смрт…
Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…
Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…