АХВ апелира сопствениците да ги микрочипираат своите миленици
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на домашни миленици – кучиња за исполнување на законската обврска за идентификација на миленикот со микрочип и негова регистрација во модулот за домашни миленици на Информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство, за што се издава и пасош за домашен миленик.
„Апликацијата на микрочипот е еднократна, односно, миленикот чипот го носи до крајот на животот. Микрочипирањето е основа за дефинирање на сопственоста на домашниот миленик, за обезбедување навремена и квалитетна здравствена заштита на животните и поголема безбедност за сопствениците, од аспект на пренесување на заразните болести од животните на луѓето. Сопствениците кои ги имаат микрочипирано домашните миленици ги потсетуваме дека имаат законска обврска секоја промена во однос на податоците за животното или сопственикот да ја пријават до надлежното ветеринарно друштво кое треба да изврши промена во електронската база на податоци. Во базата на податоци треба да се евидентира и угинувањето, губењето или купопродажбата на животните“ се вели во соопштението на АХВ.
Микрочипирањето на милениците има за цел трајна идентификација на животните, спречување на нивно напуштање и контрола на нивното размножување, но и нивно полесно пронаоѓање во случај на губење или кражба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Турција ни донира 500.000 дози вакцина против…
Од Република Турција се обезбедени 500.000 дози…
Левица бара оставка од директорот на АХВ…
После информации за квалитетот на млечните производи,…
Директорот на АХВ не сака да ги…
Првиот човек на АХВ, Оливер Миланов, одби…
Млекара Ѓоргиеви: Нашите производи се целосно усогласени…
Млекара Ѓоргиеви ДООЕЛ од Радовиш реагираат, како…
Неофицијално: На чии производи се нашле декларациите…
Голем дел од млечните производи кои се…