Приведени седум возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување и под дејство на алкохол

t

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода осум возачи, од кои  тројца за возење без возачка дозвола, двајца за управување возило под дејство на алкохол и тројца со забрана за управување возило од Б категорија. 

По еден возач во Скопје и Битола управувале возило без возачка дозвола, од кои возачот во Скопје е малолетник.  По еден возач во Куманово, Велес и Неготино за  управување возило иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија. Додека, по еден возач во  Македонска Каменица и Струга управувале возило под дејство на алкохол. Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Малолетник возел без возачка дозвола, 37-годишна жена…

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници…

Приведени тројца возачи, возеле под дејство на…

На 16.01.2026 во 17:00 часот, полициски службеници…

Уапсени низа пијани возачи низ Македонија

Ноќеска во 01:20 часот, полициски службеници од…

Состојбата со врнежите во моментот стабилна, ЦУК…

Состојбата со врнежи во земјава во моментот…

Деветмина возачи лишени од слобода, 540 санкционирани…

Во текот на вчерашниот ден (21.09.2025) како…