Мицкоски: Нема да има предвремени парламентарни избори
Владата функционира одлично, составена е од три коалициски субјекти од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, од коалицијата Вреди и од политичката партија ЗНАМ, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Во моментов, истакна тој, не гледа потреба од одржување на предвремени парламентарни избори.
– За да се распушти Парламентот формално се потребни 61 пратеник. Во моментот не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Во моите разговори со меѓународната заедница, но и од она што го разговарам со граѓаните и меѓународната заедница и граѓаните од оваа Влада очекуваат реформи. И тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака, рече Мицкоски.
-Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, истакна премиерот, додавајќи дека иако после локалните избори и оној апсолутен триумф на партијата и одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа приоритетот е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните – рече премиерот.
Прашан дали ќе го разреши министерот за социјални работи и демографија Фатмир Лимани, кој најавил дека ќе формира нова партија, премиерот рече дека не е информиран за тоа.
Во однос на изборот на јавен обвинител, Мицкоски кажа дека се уште нема одлука. -Кога ќе имаме одлука јавноста ќе биде запознаена, рече премиерот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…
Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…
Ципрас ја промовираше партијата ЕЛАС: „Нова политичка…
Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска официјално…
Трамп: Да ги броеше Исус гласовите, ќе…
Американскиот претседник Доналд Трамп денеска даде изјава…
Израел на работ на предвремени избори
Израел се приближува кон предвремени избори откако…
Вучиќ: Не се знае кој ќе биде…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се запраша…