Потресно сведоштво на баба Росанка од Челопек: „Почна да ме удира, па да ме гуши за да не можам да викам…“

t

По вчерашната обајва од МВР и Јавно обвинителство дека е уапсен убиецот на повозрасна жена од Челопек, но и дека се истражува веројатност да не е единственото дело на ова лице, цело население е вознемирено.

Додека полицијата и обвинителството истражуваат дали во овој регион се крие сериски убиец, 85-годишната Росанка од село Челопек пред камерата на Сител го опиша ужасот што го преживеала кога во нејзиниот дом упаднал насилникот кој се сомничи за убиство на нејзина сосетка.

Во село Челопек, на само 500 метри над главниот пат, се наоѓа домот на баба Росанка. Оваа 85-годишна жена е една од ретките која успеала да му погледне во очи на 25-годишниот насилник и да остане жива за да раскаже.

Додека таа попладнето мирно си седела во својот дом, непознато лице ненадејно упаднало внатре и без збор почнало да ја напаѓа.
„Ми фрли ќебе преку глава. Викам – кој е овој? Не збори ништо, само почна да ме удира. Прво ме фати за гуша, силно, за да не можам да викам“, раскажува низ солзи баба Росанка, покажувајќи ги трагите од ударите по лицето.

Иако во длабока старост, таа храбро се борела со насилникот додека тој ја пребарувал по телото и низ собата, најверојатно барајќи пари, кој инаку во ниту еден момент не проговорил ниту збор, ниту пак побарал нешто со зборови.

„Дојдов малку до здив и си велам – Боже, која е оваа будала? 85 години имам… што сака од мене?“, вели таа за моментите кога напаѓачот се обидел и сексуално да ја нападне пред да избега од куќата.

Нападот врз баба Росанка се случил само неколку дена пред во истото село да биде пронајдено безживотното тело на друга, 78-годишна жена, за чие убиство веќе е приведен 25-годишен жител на соседното село Драгоманце.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Потресно сведоштво на баба Росанка од Челопек:…

По вчерашната обајва од МВР и Јавно…

„По тие скали лежат 63 животи“, таткото…

Таткото на загинатата Надица Наунова, Александар Наунов,…

ОЈО Струга забрани ископ: Фатени машини на…

Основното јавно обвинителство во Струга побара итни…

Хорор во Свети Николе: Бремена девојка нападната…

Основното јавно обвинителство во Свети Николе експресно…

(Видео) Бугаринот Криско со моќна порака по…

Вчерашната вечер во Струмица помина во знакот…