Како серискиот убиец од кумановско бил невидлив за полицијата?

t

Јавноста е во шок после случајот со откривањето со можниот сериски убиец во кумановскиот регион. Сè погласни се реакциите за тоа зошто никој не го спречил убиството, иако жени на постари години биле пронаоѓани мртви, а сомнежите се дека биле и силувани. Дел од реакциите пристигнаа и до Телма, а во нив жители од регионот велат дека осомничениот 25-годишник, кој сега е осомничен како сериски убиец, ѝ бил познат на полицијата, но никогаш не биле преземени никакви мерки за да го спречи.

„Кај една од жените кај која влегол, има и камери на куќата и тој е снимен и препознаен, но полицијата не ги прифаќала снимките како докази за тоа што камерите не биле пријавени дека се поставени. Не е фер, полицијата, секогаш кога беше пријавуван, го пушташе само поради тоа што имал доказ дека не е психички добар“, ни изјави жител на Старо Нагоричане.

Убиецот беше уапсен, откако беше пронајдена мртва старица во нејзиниот дом во Старо Нагоричане. По неговиот распит беше наредено да се есхумира телото на помлада жена која, исто така, била пронајдена мртва дома. Но, се отвориле и сомнежите за слични случаи со пронајдени жени мртви и полуголи од лани, па сега се истражува дали тој стои и зад овие убиства.

Вчера, Телма го објави сведовштвото на нападната 86-годишна старица во нејзиниот дом која сведочеше дека се спасила случајно, но нејзиниот син веќе знаеше и за претходните случаи, а го отвори и прашањето дали некој стоел зад убиецот.

„Има во уште едно село таму, уште една жена исто убиена пред пет месеци и тоа убиство се поврзува со ова. Но, тој призна дека е тој, е сега, сепак, мора да се најде како е, што е, дали е сам, дали некој го водел. Како тоа оди по стари луѓе, го има на камера кај што сака да влезе, ама заклучено било“, вели Јовица Трајковски, син на нападната жена.

Инаку според кажувањата на мештаните, осомничениот е крупен и доста висок и постојано возел велосипед по селата. Се работи за момче кое уште како дете, заедно со мајка му, се преселило кај очув во многудетно семејство во Драгоманце. Имал отежнат говор и тешко комуницирал со средината во која живеел.

Авторот на книгата „Сериски убиства во Македонија“ и магистар на безбедност Димитар Стевчев вели дека ваквите случаи можат да се спречат, но само со добра истрага.

„Начинот на спречување или откривање зависи од типот на организираноста на самиот убиец, колку е спремен да ги прикрие доказите или не е спремен. Се зависи од него. Но, исто така, зависи и од способноста на нашите институции да го откријат навремено и да преземат соодветни мерки за да го спречат. Конкретната личност воопшто не обрнала внимание да преземе конкретни мерки за да спречи негово откривање, а сите елементи и средства кои ги користел за да изврши убиство се оставени, наротски кажано, туку така“, вели Димитар Стевчев, магистар по безбедносни науки.

Од МВР засега не откриваат детали за истрагата која се води и дали има и чии пропусти во претходните случаи. Од обвинителството за Телма тврдеа дека ќе бараат дали има виновници. Неофицијално извори на Телма откриваат дека се работи на три случаи од годинава и два од лани кога биле пронајдени мртви жени, а околностите ги поврзуваат со осомничениот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како серискиот убиец од кумановско бил невидлив…

Јавноста е во шок после случајот со…

Дали решението е на повидок: Бугарија ќе…

Бугарија нема да може да го искористи…

Данска одговори на објавата на Трамп дека…

Населението на Гренланд нема потреба од медицинска…

СДК-ВРАБОТЕНИТЕ ВО ВЛАДАТА ОДАТ НА ТРИДНЕВЕН ТИМ-БИЛДИНГ…

Во огласот се бараат хотели со минимум…

Кои се сериските убијци досега во Македонија:…

Убиството во кумановски Челопек отвори сомнеж за…