Зеленски за Би-Би-Си: Путин започна Трета светска војна – Украина нема да се согласи на територијални отстапки!
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека рускиот претседател Владимир Путин веќе ја започнал Третата светска војна и дека таа мора да се запре со силен воен и економски притисок.
Во интервју за Би-Би-Си, Зеленски рече дека Украина нема да се согласи на територијални отстапки кон Москва во замена за прекин на огнот, оценувајќи дека повлекувањето од териториите што моментално ги контролира Русија би значело „напуштање на стотици илјади луѓе“ и ослабување на позицијата на земјата.
„Верувам дека Путин веќе ја започнал. Прашањето е колку територија ќе може да освои и како да го запре… Русија сака да наметне поинаков начин на живот на светот и да ги промени животите што луѓето ги избрале за себе“, рече Зеленски, додавајќи дека какви било отстапки само привремено би ја задоволиле Москва. Тој оцени дека на Русија ќе ѝ треба кратка пауза за да се опорави, по што, според него, би можела да ги продолжи воените операции. Коментирајќи ги преговорите за прекин на огнот, Зеленски нагласи дека победата за Украина значи зачувување на нејзината независност и враќање на нејзините територии на границите од 1991 година, но истакна дека обидот тоа веднаш да се стори би значел огромни човечки загуби.
„Земја без луѓе е ништо“, рече тој, нагласувајќи дека Украина во моментов нема доволно оружје за таков потфат без дополнителна помош од партнерите.
Замолен да го коментира ставот на американскиот претседател Доналд Трамп дека територијалните отстапки на Украина кон Русија се клучот за прекин на огнот и дека Украина не може да ја добие војната, Зеленски рече дека Украинците се борат за независност.
„Денес сте во Киев, сте во главниот град на нашата татковина, сте во Украина. Многу сум благодарен за тоа. Дали ќе изгубиме? Секако не, бидејќи се бориме за независноста на Украина“, рече украинскиот лидер. Зборувајќи за односите со Соединетите Американски Држави, Зеленски нагласи дека на Украина ѝ се потребни долгорочни безбедносни гаранции кои ќе бидат потврдени во Конгресот на САД, „за да бидат трајни без оглед на промените во администрациите“. Тој, исто така, изјави дека евентуалното одржување избори во Украина би било можно само со безбедносни гаранции и законски измени, со оглед на воената состојба, милионите раселени лица и териториите под руска контрола. Зеленски истакна дека не одлучил дали повторно ќе се кандидира, кога и да се одржат изборите. „Можеби ќе се кандидирам, можеби и не“, рече украинскиот претседател.
Зеленски повтори дека Украина останува решена да ја продолжи борбата и дека крајната цел е да се запре Русија. „Секако, победата би значела враќање на нормалниот живот за Украинците и прекин на убиствата. Но, поширокиот поглед на победата што тој го презентираше беше поврзан со глобалната закана за која вели дека доаѓа од Путин. Верувам дека запирањето на Путин денес и спречувањето на неговата окупација на Украина е победа за целиот свет. Бидејќи Путин нема да застане кај Украина“, рече украинскиот претседател. Зеленски ги отфрли обвинувањата дека е „диктатор“ и дека тој ја започнал војната, велејќи дека тоа се невистинити тврдења што се вклопуваат во наративот на Москва.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски за Би-Би-Си: Путин започна Трета светска…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека рускиот…
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…
Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…
Зеленски ќе се сретне со Трамп за…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…
Путин го разреши заменик шефот на неговата…
Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…