(Видео) Герила акција: Илиевска и Чулаковки обезбедија паркинг-место за градоначалникот пред Општина Битола бидејќи смета дека паркирањето не е скапо – дел од граѓаните плаќаат и 400 денари за паркинг

t

Поранешната претседателка на Советот на Општина Битола и претставничка на независната граѓанска иницијатива Поинаку, Габриела Илиевска, заедно со советникот во општината Иван Чулакоски, преку видео-објава упатија критика до градоначалникот во врска со цената на паркирањето во градот.

Во објавата тие посочуваат дека, според нив, градоначалникот смета оти паркирањето во Битола не е скапо, па затоа го повикуваат од утре да плаќа паркинг како и останатите граѓани, тие наведуваат дека е обезбедено резервирано паркинг-место пред општинската зграда, со порака дека јавните функционери треба да ги почитуваат истите правила како и сите битолчани.

Според нивните тврдења, дел од граѓаните во центарот на градот плаќаат и по 400 денари за целодневно паркирање, додека, како што наведуваат, градоначалникот редовно паркира во дворот на општината. Во таа насока, тие апелираат резервираното место да остане слободно за градоначалникот, со цел да ја покаже, како што велат, реалната состојба со паркирањето во градот.

Од нивната објава произлегува порака дека одлуките поврзани со јавните услуги треба да важат подеднакво за сите, а трошоците да не бидат товар исклучиво на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради…

Бугарската агенција за безбедност на храната (БАБХ)…

(ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ВИДЕА) ИНЦИДЕНТ ВО БЛИЗИНА НА КИЕВ:…

Сериозен инцидент во кој се вклучени припадници…

Костовски: Зошто НБРМ во 2020 година не…

*Обгјава на Фејсбук на Трифун Костовски Зошто…

Америка бомбардираше ирански остров во Ормускиот Теснец

САД извршија напади врз иранскиот остров Кешм…

ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ВИСОКИ ПОЛИЦИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО…

Вишиот суд во Белград им одреди притвор…