Објавена осумчасовната програма за „Блокадафест“ пред „Усје“
Иницијативата „Стоп за Усје“ ја објави целосната програма за утрешниот „Блокадафест“, кој од 15 до 23 часот ќе се одвива пред влезот на Цементарницата во Скопје.
„Со нас застанаа уметници кои својот протест го изразуваат со она што најдобро го знаат – музиката. Волонтерски ќе настапат: диџеј Александар Јорданов, дизеј Чваре, диџеј Ендрју Мелер, ‘Новиот Почеток’, ‘Хајка’, ‘Луфтханза’, ‘Животни’, ‘Големата вода’, диџеј Базел, диџеј Емили Нас, Дина Јашари, ‘Член 164, Зарина Првасевда и ‘Корка’“, стои во најавата.
Според „Стоп за Усје“, нивната поддршка е порака дека ова не е изолиран протест, туку, како што велат „заедничка борба за уставно загарантираното право на чист воздух“.
„’Блокадафест’ е јасен повик до институциите и до ‘Титан Усје4: здравјето на граѓаните не е преговарачка категорија. Додека фабриката продолжува да загадува, ние излегуваме заедно да го блокираме загадувањето и да покажеме дека отпорот може да биде гласен, солидарен и креативен“, се вели во најавата на настанот.
Иницијативата на неколку пати досега ги истакнуваше своите барања, за кои рече дека институциите остануваат глуви. Меѓу другото, еко-активистите бараат да се стави во функција мерната станица во Кисела Вода, „Усје“ да инсталира автоматски CEMS систем за континуирано мерење на своите оџаци, како и Цементарницата во производниот процес да премине кон почисти енергенси, како природен гас или водород.
Исто така, бараат да се ревидираат постојните мерки за прогласување вонредна еко-состојба, важечките гранични вредносни за опасните честички и супстанции да усогласат со препораките на Светската здравствена организација, но и да се акредитира државната лаботаторија за мерење на загадувањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Објавена осумчасовната програма за „Блокадафест“ пред „Усје“
Иницијативата „Стоп за Усје“ ја објави целосната…
Избувна пожар кај Усје!
Денеска избувна пожар во близина на Цементарница…
„Стоп за Усје“: Општина Кисела Вода лаже,…
Граѓанската иницијатива одржа прес-конференција пред Општина Кисела…
Левица: Здравјето на скопјани чини 21 милиони…
Олигархијата е солидарна кога станува збор за…
(ВИДЕО) Добредојде за сите, освен за Инфомакс:…
ПР тимот на Титан Усје им посака…