САД не ја почнаа војната во Иран, туку ја завршуваат, рече Хегсет
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет кажа дека САД не ја почнале војната во Иран, туку ја завршуваат, додавајќи дека тековната воена операција нема да прерасне во бесконечна војна. Тој збореше откако беше објавено дека четврти американски војник загинал од почетокот на војната во саботата.
„Операцијата во Иран, што лично ја нареди Доналд Трамп, е најсмртоносната, најсложена и најпрецизна воздушна операција во историјата. Ние не ја почнавме војната, но под претседателот Трамп ја завршуваме“, рече Хегсет.
Тој кажа дека е здраворазумно дека режимите како Иран не смеат да имаат нуклеарно оружје, а Трамп ја имал потребната храброст да го спроведе ова.
„Иран имаше вперено конвенционален пиштол во нашата глава, додека се обидуваше да создаде нуклеарна бомба и речиси успеа во тоа под Барак Обама и неговиот ужасен договор. Операцијата против Иран нема да доведе до бесконечна војна. Наместо тоа, целта на САД е да се уништат ракетите на Техеран и другата безбедносна инфраструктура“, кажа Хегсет.
Тој го обвини Техеран дека одбивал да преговара за мирен и разумен договор со САД.
„Тие одолговлекуваа, купувајќи време за повторно полнење на своите ракетни залихи и за рестартирање на своите нуклеарни амбиции. Претседателот Трамп не ги игра тие игри“.
Шефот на американската војска Ден Кејн предупреди дека САД би можеле да имаат уште жртви во оваа војна.
„Ова нема да биде мисија за една ноќ. Како и секогаш, ќе работиме на тоа да ги минимизираме жртвите“, кажа Кејн, додавајќи дека во операцијата учествуваат морнарицата, маринците, воздухопловните сили, вселенските сили и крајбрежната стража.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД не ја почнаа војната во Иран,…
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет кажа…
600 евра минималец ни во сон, 1600…
Денеска, на мала врата пробаа да утврдат…
Трамп: Не исклучувам испраќање на американска копнена…
Претседателот Трамп во понеделник за „Пост“ изјави…
Дурмиши: Владината просечна потрошувачка кошничка со 101…
Министерството за економија и труд денеска на…
Иранскиот шеф за безбедност: Подготвени сме за…
Секретарот на Врховниот совет за национална безбедност…