Погодена американската амбасада во Ријад, нови израелски напади врз Либан
Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Ријад беше погодена од два дрона, а во дипломатскиот комплекс во градот избувна пожар, но немаше непосредни извештаи за жртви, соопшти саудиското Министерство за одбрана.
Засега според извештаите на медиумите пријавена е мала материјална штета. Според Гардијан, над дипломатскиот кварт во градот се издигал црн чад, додека сведоци пријавиле силна експлозија и пламен.
Саудиските власти и еден извор изјавија дека пожарот бил помал.
Зградата на амбасадата била празна во времето на нападот и немало извештаи за жртви, објави Ал Џезира.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за „Њуз нешјон“ дека одговорот на Вашингтон на нападот врз амбасадата „наскоро ќе биде познат“.
Американската амбасада претходно издаде предупредување до американските граѓани во Ријад, Џеда и Дахран да останат во засолништа и да ја избегнуваат амбасадата до понатамошно известување.
Иранската револуционерна гарда соопшти дека извршила напад со беспилотни летала и ракети врз американската воздухопловна база во областа Шеик Иса во Бахреин.
Според извештаите објавени од иранската државна новинска агенција ИРНА, биле лансирани 20 беспилотни летала и три ракети, тврдејќи дека главниот команден штаб на базата е уништен, без да даде докази.
Иран соопшти дека нападите биле дел од одмазда за американските и израелските напади на нејзина територија.
Од друга страна американскиот Стејт департмент, исто така, нареди евакуација на лица и семејства во Бахреин и Јордан. Во соопштението на Стејт департментот објавено на интернет се вели дека одлуката е донесена „поради безбедносни ризици“.
Израел започна нови напади врз Бејрут
Во меѓувреме либанските медиуми објавија дека најмалку два израелски воздушни напади биле извршени во јужниот бејрутски регион Дахије, кој се смета за упориште на Хезболах.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) не ги коментираа обвинувањата, објави „Тајмс оф Израел“. Според извештаите на арапските медиуми, цел на нападот била радио станицата „Ал-Нур“ во сопственост на Хезболах.
Исто така, се наведува дека телевизискиот канал „Ал-Манар“, исто така поврзан со Хезболах, бил цел на нападот преку ноќ. Објавените снимки покажуваат блесок, гласна детонација и чад над зградите.
Во исто време, израелските одбранбени сили издадоа нови наредби за евакуација на десетици локации во Либан.
Посебно предупредување беше издадено до жителите на јужните бејрутски населби Гобеири и Харет Хреик, во кои се предупредуваше дека се во близина на објекти и интереси на Хезболах, против кои ИДФ наскоро ќе преземе мерки, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Погодена американската амбасада во Ријад, нови израелски…
Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Ријад…
Србија ги евакуира државјаните од Израел!
Српското Министерство за надворешни работи објави дека…
(Видео) „Цела држава стои зад операцијата“ –…
Зборувајќи на местото на вчерашниот смртоносен ирански…
Грција крева безбедносен штит околу американски и…
Грчките власти ја зголемија безбедноста околу потенцијалните…
ИДФ кажа кои врвни ирански разузнавачки офицери…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавуваат дека неколку…