Објавено на:

Меланија Трамп претседаваше со Советот за безбедност на ОН

t

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера стана првата сопруга на светски лидер која претседавала со состанок на Советот за безбедност на ОН во Њујорк, јави ДПА.

Белата куќа соопшти дека состанокот на најмоќното тело на ОН се фокусираше на децата, технологијата и образованието во конфликтни ситуации.

САД од завчера го презедоа едномесечното ротирачко претседателство со најважното тело на ОН, што вклучува претседавање со состаноците. Амбасадорите во ОН или владини претставници вообичаено ги водат состаноците на 15-членото тело.

Меланија Трамп во своите воведни зборови на седницата на СБ на ОН им изрази сочувство на „семејствата кои ги загубија своите херои, кои ги жртвуваа своите животи за слободата“, пренесе германската агенција.

„САД се со сите деца низ целиот свет. Се надевам дека наскоро мирот ќе биде ваш“, рече таа.

Првата дама рече дека образованието е од суштинско значење за спречување на конфликти.

„Трајниот мир ќе се постигне кога знаењето и разбирањето ќе бидат целосно вреднувани во сите општества. Вредноста што ја даваат на образованието лидерите на една нација го обликува јадрото на системот на верувања на нивната земја“, рече таа.

„Нација што го прави учењето свето ги штити своите книги, својот јазик, својата наука и својата математика – ја штити својата иднина. Ова води кон нешто моќно – кон поголемо разбирање, морално расудување – и толеранција кон другите. Мир“, додаде првата дама на САД.

Меланија Трамп ги повика членките да го заштитат учењето и да го промовираат пристапот до образование за сите.

„Ве молам да изградете идна генерација лидери кои ќе го прифатат мирот преку образование.“ рече таа.

Таа не ја спомена американско-израелската офанзива што започна во саботата против Иран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меланија Трамп претседаваше со Советот за безбедност…

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера…

Франција бара состанок на Советот за безбедност…

Францускиот претседател Емануел Макрон повикува на итен…

Гутереш: Време е жена да ги води…

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…

Трамп: ОН требаше да ги реши сите…

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера повторно ги…

Гутереш: Шокиран сум од насилството и прекумерната…

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во…