Унгарија: Опозициската партија Тиса води според анкетите
Унгарската центристичка опозициска партија Тиса е во водство пред владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан пред парламентарните избори на 12 април, додека поддршката за крајнодесничарската партија „Наша Татковина“ расте, покажаа две анкети.
Орбан се соочува со најголемиот предизвик за неговото владеење во последните 16 години, иако исходот од гласањето останува во голема мера неизвесен, а анкетите сугерираат дека многу гласачи сè уште се неодлучни која политичка партија да ја поддржат, коментираат светските агенции.
Анкетата на „Завеч рисрч“, спроведена помеѓу 22 и 28 февруари, покажа дека Тиса го зголемила своето водство меѓу неодлучните гласачи на 12 поени, во споредба со 10 поени во јануари.
Анкетата, објавена вчера, покажа дека 50 проценти од неодлучните гласачи ја поддржуваат Тиса, во споредба со 48 отсто во јануари, додека 38 отсто ја поддржуваат Фидес, во споредба со 39 проценти во јануари.
ТИСА има поддршка од 38 отсто од сите гласачи, додека Фидес има 32 проценти.
Според податоците од анкетата, 20 проценти од оние што учествувале рекле дека сè уште не знаат кого да поддржат, што е намалување во однос на 23 отсто во февруари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарија протерува 10 руски дипломати поради „неприфатливи…
Унгарската влада нареди 10 руски дипломати да…
Од јахти и приватни авиони до десетици…
Новиот унгарски премиер Петер Маѓар и неговата…
По 19 години стагнација: Минималната старосна пензија…
Од 1 јануари, најниската старосна пензија во…
Унгарија отвори кривична истрага за кредитот од…
Унгарските власти вчера соопштија дека отворија кривична…
Маѓар: Унгарија сака мир, затоа ѝ се…
Унгарија во денешниот несигурен свет има потреба…