Ѓорѓиевски: Две нови катни гаражи за Клиничкиот центар – трајно решение на деценискиот проблем!
Денес, заедно со министерот за здравство Азир Алиу, го потпишавме договорот за закуп со што започнуваме со реализација на проектот кој ќе биде решение за еден од најголемите секојдневни проблеми со кои се соочуваат скопјани, но и граѓаните од цела Македонија – хаосот со паркирањето во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, напиша на Фејсбук градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
– Со изградбата на две нови катни гаражи, за почеток, со капацитет од околу 500 паркинг места и инвестиција вредна 3 милиони евра, конечно ќе ставиме крај на долгогодишната голгота со која секојдневно се соочуваат пациентите, нивните семејства, но и здравствените работници.
Истовремено, ова решение ќе биде значајна поддршка и за студентите по медицина – нашите идни доктори, кои секојдневно се дел од клиничкиот комплекс и ја градат својата професионална иднина токму тука.
Ова е трајно решение што ќе значи достоинствен пристап до здравствените установи, помалку нервози и изгубено време за луѓето кои доаѓаат тука во најтешките моменти од својот живот.
Со изградбата на овие катни гаражи, Клиничкиот центар конечно ќе добие подобра организација на сообраќајот, слободен и непречен пристап за итната медицинска помош и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.
Особено е важно што Градот Скопје ќе биде институцијата која ќе ги проектира, ќе ги изведува и ќе управува со овие гаражи.
Тоа значи дека граѓаните нема да бидат изложени на дополнителни поскапувања на цените за паркинг, какви што се случуваат кога вакви капацитети се оставаат во рацете на приватни компании.
Ова го реализираме во интерес на граѓаните, а не во интерес на профитот!
Дополнително, со реализацијата на овој проект започнува и имплементацијата на една од најважните точки од мојата програма, дигиталното зонско паркирање.
За првпат во Скопје ќе воведеме интегрирана мобилна апликација преку која граѓаните ќе имаат реален онлајн увид во слободните паркинг места, со прецизна локација на секое слободно место. Тоа ќе значи поголема ефикасност, помал метеж и многу помалку изгубено време во барање паркинг.
Веднаш по ребалансот на Буџетот, кој ќе се случи наредната недела, ќе биде распишана тендерската постапка, а веднаш по завршувањето на законските процедури ќе започнат и работите на терен.
Целта е брзо, ефикасно и одговорно да го реализираме овој проект кој ќе донесе вистинско олеснување за илјадници луѓе секој ден.
Овој важен инфраструктурен зафат го реализираме во координација со премиерот Hristijan Mickoski и со целосна поддршка од Владата.
Тоа е доказ дека кога институциите работат заедно, со јасна визија и искрена намера, резултатите не изостануваат.
Чекор по чекор, со конкретни проекти и одлучни потези, ги решаваме проблемите кои со години стоеле нерешени.
Градиме функционални, современи и одржливи решенија во интерес на граѓаните.
Ова е само почеток.
Скопје ја живее новата ера.
Најдоброто, доаѓа! – напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Герасимовски: Поставени сите уреди за мерење бучава…
Општина Центар ја заврши првата фаза од…
Низ Центар се поставуваат паметни апарати за…
Околу угостителски објекти, високо фреквентни улици и…
Герасимовски: Проверени 30 градилишта во Центар, изречени…
Општина Центар спроведува интензивни инспекциски контроли на…
Вонредна седница за свлечиштето на Водно бара…
Советничката група на Левица во Општина Центар…
80-годишен скопјанец нападнат во маркет во Центар
Синоќа околу 21:05 часот, 80-годишниот В.П. од…