Објавено на:

ПРОТЕСТ ПРЕД БАЗАТА НА „БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Отпуштени 50 македонски работници, странските остануваат на Коридорот 8

t

Околу 50 работници од тетовско-гостиварскиот регион денеска излегоа на јавен протест пред работната база на конзорциумот „Бехтел и Енка“. Работниците го изразуваат својот револт откако утринава, без никаква претходна најава, им било соопштено дека се отпуштени, иако имале активни договори за работа на изградбата на автопатот од Коридорот 8.

Откази без најава и обвинувања за селективност Работниците сведочат дека прекинот на работниот однос се случил ненадејно и селективно, објави според нивните тврдења, отказите ги добиле само домашните работници, додека странските државјани биле задржани на градилиштето.

Прекинати активни договори: Работниците биле пречекани со список за отказ, иако дел од нив имале договори кои биле со важност уште неколку месеци.
Изговорот од компанијата: На работниците им било кажано дека државата не префрла средства и дека компанијата нема финансии за плати.
„Сабајлево дојдовме на работа и ни дадоа список. Ни кажаа дека до денеска сме на работа и дека договорот повеќе не ни важи… Ни рекоа дека државата не дава средства и финансии и поради тоа немале средства да нѐ држат“, изјави Стојанче Ристовски, кој работел како возач на товарно возило.

Револтот е дополнително зголемен поради, како што велат, неисполнувањето на квотата за домашен кадар и задржувањето на странските работници од Индија, Турција и други земји.

„Ние тука не сме ни 5 проценти локални работници, а требаше да бидеме 70 проценти. Наместо тоа, сега и ние малкумина што сме од Македонија нè бркаат. Странските работници остануваат, а за нас Владата наводно немала пари“, рече работникот Јетон Фариу.

Министерството за транспорт демантира: Сите сметки се платени
На обвинувањата дека државата не ги подмирува обврските, експресно реагираше Министерството за транспорт. Од таму категорично отфрлаат дека има доцнење во исплатите и потенцираат дека Владата навремено ги исплатила сите фактури кон изведувачот.

Во однос на отпуштањата, од Министерството се оградуваат:

Бројот на работници, ангажирањето подизведувачи и механизација се исклучива договорна обврска на изведувачот „Бехтел и Енка“.
Владата, Министерството за транспорт и ЈПДП како инвеститори немаат обврски во делот на менаџирањето со човечките ресурси.
Се очекува динамиката на работа да остане непроменета и проектот да биде завршен во предвидениот рок.
Од канцеларијата на „Бехтел и Енка“ во Скопје засега нема официјален одговор ниту објаснување кои се точните причини за раскинувањето на важечките договори со македонските работници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПРОТЕСТ ПРЕД БАЗАТА НА „БЕХТЕЛ И ЕНКА“:…

Околу 50 работници од тетовско-гостиварскиот регион денеска…

Војната со Иран го понижи потпретседателот на…

Судирот со Иран, во кој Соединетите Американски…

Исплатени над 917 милиони денари поврат на…

Управата за јавни приходи информира дека за…

Тошковски: Вчера две лица приведени поради семејно…

„Во текот на вчерашниот ден, две лица…

Мајка го пријавила синот дека психички ја…

Полицискиот билтен изобилува со вести за психичко…