„Црн дожд“ паѓа врз Техеран по нападите врз нафтени складишта
Речиси десет милиони жители на Техеран утрово се разбудиле под густи црни облаци, откако израелски напади погодиле нафтени складишта во иранската престолнина, јави од терен новинарот на Си-Ен-Ен, Фред Плајтген.
Според неговото сведоштво, во градот паѓал дожд кој изгледал темен и загаден со нафта по пожарите што избувнале на погодените објекти.
„Може да се види дека дождот, односно дождовницата, е всушност црна – изгледа како да е заситена со нафта. Тоа е она што утрово паѓа врз иранската престолнина, своевиден дожд помешан со нафта, по нападите што се случија“, изјави Плајтген во јавувањето од Техеран.
Израелската војска претходно соопшти дека погодила складишта за гориво во Техеран кои, според нивните информации, дистрибуирале гориво до различни корисници, меѓу кои и воени структури во Иран.
„Станува збор за значаен напад кој претставува дополнителен чекор во продлабочување на штетата нанесена врз воената инфраструктура на иранскиот режим“, соопштија Израелските одбранбени сили.
Нападите врз нафтената инфраструктура се дел од пошироката ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран, кој во последните денови се прошири со напади и контранапади низ целиот регион на Блискиот Исток.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Црн дожд“ паѓа врз Техеран по нападите…
Речиси десет милиони жители на Техеран утрово…
(Видео) Облак од чад и оган над…
Израелската војска нападна неколку ирански нафтени локации…
(Видео) Експлозии на меѓународниот аеродром во Техеран
Неколку експлозии одекнаа утрово во близина на…
Оштетена српската амбасада во Техеран
Зградата на српската амбасада во Техеран беше…
Иран ќе гради нов главен град бидејќи…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан повика на изградба…