Организирани чартер-летови за евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток
Првата група македонски граѓани кои треба да бидат евакуирани од Блискиот Исток денеска ќе отпатува од Дубаи кон Скопје, информираше премиерот Христијан Мицкоски.
„Првата група македонски граѓани која ќе биде евакуирана денеска ќе отпатува од Дубаи кон Скопје. Организирани се чартер-летови од Саудиска Арабија, кои ќе ги прифатат македонските граѓани што се наоѓаат во Катар и Кувајт. Очекувам тие летови да се реализираат во среда“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за состојбата на Блискиот Исток.
Тој додаде дека дел од државите во регионот побарале и нивни граѓани да бидат вратени со истите летови, нагласувајќи дека државата денес се наоѓа во поинаква позиција.
„Од некогаш слабата Влада во Македонија која коленичеше за да добие 5.000 вакцини, денес сме фактор на стабилност и помагаме на државите во регионот. Тоа е разликата меѓу тие од СДСМ и ДУИ и оваа Влада која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија прогласи двајца државјани на Македонија за…
Топ ченел објави дека Министерството за внатрешни…
Пукна брана во Русија: Прогласена е вонредна…
Вонредна состојба е прогласена во Славјанскиот округ…
(Видео) Полета првиот авион со евакуирани патници…
Првиот авион со патници евакуирани од крузерот…
Евакуиран „Сити мол“: Пристигнала дојава за бомба…
Евакуиран е трговскиот центар „Сити мол“, откако…
Завршена евакуацијата на македонските државјани од Блискиот…
Министерство за надворешни работи и надворешна трговија…