Албанија прогласи двајца државјани на Македонија за непожелни
Топ ченел објави дека Министерството за внатрешни работи во Албанија прогласило двајца државјани на Македонија за „персона нон грата“, наводно поради сомнителни активности против албанската држава.
Како што објавија извори на новинарката на „Топ ченел“, Анила Хоџа, двајца граѓани од Северна Македонија се прогласени за непожелни, против кои постојат докази за активности штетни за албанската држава.
Извори ѝ кажале на Анила Хоџа дека одлуката е донесена по предлог на антитерористичката единица во Државната полиција, додека потврда е дадена и од Министерството за внатрешни работи, кое ги прогласи за „нон грата“ Валон Беља, односно Ваљон Бела и Бекир Халими, двајцата со македонски државјанства.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама најави построги казни за протестите во…
Албанскиот премиер Еди Рама најави пакет законски…
Рама повторно повикува на дијалог: Подготвен сум…
Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно повика…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
(Видео) МАСОВНА ТЕПАЧКА во албанскиот парламент
За време на денешната седница албанскиот парламент…
Молотови коктели кон кабинетот на Рама, пожар…
Демонстрантите во Тирана фрлаа молотови коктели кон…