Жерновски: Мицкоски многу лаже!
„Христијан Мицкоски лаже. Од сите премиери во светот, од сите премиери во Европа има само еден, и тоа е на овој брдовитиот Балкан, поточно во Македонија, којшто употребува термин којшто досега не е познат во политиката. Тоа е терминот „вистинска вистина“. Сте го слушнале. Но кој човек зборува за вистинска вистина? Оној што има друга вистина. Тоа е лажна вистина. Токму тоа е тема на денешната прес-конференција. Тоа е лажната вистина на Христијан Мицкоски. Ајде да видиме дали СДСМ лаже кога вели дека Мицкоски лаже“ рече на денешната прес-конференција Андреј Жерновски – член на Извршниот одбор на СДСМ.
Тој вели „со лага дојде на власт. Во октомври 2019 година изјави дека „ ако ги изгубам парламентарните избори ќе си дадам оставка’. Ги изгуби парламентарните избори, не си даде оставка. Излажа. Дојде на власт со лага. Кажа, вети на граѓаните, на гласачите дека кога ќе дојде на власт ќе го промени Преспанскиот договор, ќе го промени уставното име, ќе го врати старото име. Повторно излажа, но не им кажа на гласачите, не им кажа на граѓаните дека тоа значи ќе бидеме ФИРОМ, дека ќе бидеме БЈРМ“.
„Не им кажа дека треба да го напуштиме НАТО и дека нема да бидеме безбедни. Сега измислува повторно конфликти со соседите, сè со цел да ја држи земјата изолирана и се разбира, Македонија за жал да има блокиран европски пат. Да потсетиме уште нешто. Рече дека доколку се открие поврзаност помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и него и агенцијата за обезбедување од дискотеката „Пулс“ во Кочани, дека ќе си даде оставка. Повторно излажа. Потоа велеше, како советник на Никола Груевски, дека работи про боно. Се сеќавате? Повторно излажа“ рече Жерновски.
Порача „Значи може да констатираме што прави Мицкоски кога ќе го фатите во лага. Одговара со нова лага. Ветуваше одговорност, ветуваше правда. Сега го штити Тошковски. Меѓутоа криминалците останаа во власта, во врвот на власта, одговорност нема, а правдата е погребана“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британски „Индипендент“ за Андреј од ДНК: Умре…
Угледниот британски весник „Индипендент“ посвети поголем текст…
Апел за помош: Подарете му на Андреј…
Андреј е четиригодишно детенце кое од две годишна…
Денес православните христијани се сеќаваат на Светиот…
Син на Јона и брат на Петар,…
Тупанчески, Жерновски и Насев нови амбасадори во…
Пред Комисијата за надворешна политика седум кандидати…