Кампањата за парламентарните избори во Унгарија во април добива “трилер” размери
На само нешто повеќе од еден месец до гласањето на Унгарците на националните избори, Виктор Орбан ја зголемува својата антиукраинска реторика со надеж дека ќе го намали јазот од речиси 10 поени во анкетите со опозициската партија Тиса на Петер Маѓар.
Откако прво го искористи спорот со Киев околу руската нафта Орбан истапи со обвинувањата дека Украина се обидува да се меша во парламентарните избори на 12 април.
Орбан тврди дека Киев ја финансира Тиса за да постави ”пријателски” лидер во Будимпешта. „Јас не сум нивен човек, јас сум ваш и затоа не сум добар за нив, тие бараат некој друг“, рече Орбан. Два дена потоа Унгарските власти запленија две блиндирани возила во Будимпешта во кои се транспортирани пари и злато од австриската Рајфајзен банка кон украинскиот државен заемодавач Ошчадбанк. Киев реагираше жестоко, обвинувајќи ја Унгарија за „кражба“ на пари што се легално префрлани и незаконско притворање на седум вработени во Ошчадбанк.
„За што беа користени и во чии интереси?“, објави министерот за надворешни работи Петер Сијарто во неделата на X. „Колку од нив беа потрошени во Унгарија и во чија корист?“ Адвокатите на Ошчадбанк негираа дека средствата се поврзани со криминални активности или со унгарската опозиција, велејќи дека трансферот бил целосно документиран и законски, објави вчера Евроњуз.
Пратенците на владеачката партија на Орбан вчера поднесеоа закон со кој ќе се дозволи замрзнување на средствата додека даночните власти на Унгарија го истражуваат потеклото, дестинацијата и сите импликации врз националната безбедност.
Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха, го осуди тој потег на X: „Унгарија паѓа во спирала на беззаконие… Ќе ги сметаме сите вклучени за одговорни – не само за кражба на пари, туку пред сè за бруталниот третман на седум украински граѓани“.
Како одговор на овие обвинувања Тиза на опозицискиот лидер Петар Маѓар во саботата го обвини Орбан дека ја „поканил“ руската воена разузнавачка служба да распореди агенти во амбасадата на земјата во Будимпешта за да влијае на изборите.
Унгарската канцеларија за меѓународни комуникации го отфрли тоа тврдење, велејќи за POLITICO: „Ова лажно обвинување од левичарските медиуми и политичари е само патетичен обид да се одвлече вниманието од заканата што ја упати украинскиот претседател Володимир Зеленски кон премиерот Виктор Орбан, како и од други обиди за мешање во унгарските избори“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кампањата за парламентарните избори во Унгарија во…
На само нешто повеќе од еден месец…
Унгарија: Опозициската партија Тиса води според анкетите
Унгарската центристичка опозициска партија Тиса е во…
Полска: Будимпешта ја подмачкува воената машина на…
Во разговор за „Европа денес“, највисокиот дипломат…
Унгарија стави вето на новиот пакет санкции…
Унгарија стави вето на одлуките на Европската…
Будимпешта ќе го блокира 20-тиот пакет санкции…
Будимпешта ќе го блокира 20-тиот пакет антируски…