Крмов: Нашиот став е дека техничката Влада треба да се укине
Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, денеска изнесе став дека техничката (пржинска) Влада треба да биде укината, оценувајќи ја како временско решение кое ја завршило својата функција.
„Нашиот став, кој е вграден и во нашата програма, е дека таа влада треба да се укине, тоа решение за Влада беше за една специфична ситуација која веќе не постои“, рече Крмов. Тој додаде дека вакви временски решенија се својствени за „незрели општества кои сеуште не се изградени“.
Крмов нагласи дека македонското општество треба да покаже зрелост и да ја надмине оваа ситуација.
„Ставот на властите, мислам, ќе биде да се укине од наредниот изборен циклус. Во овој циклус ќе постои, а од следниот треба да биде укината“, додаде пратеникот.
Тој истакна дека Левица верува во институциите и во спроведување на фер и демократски избори, иако призна дека „не постои држава каде 100% функционираат институциите и каде што битката меѓу власт и опозиција е целосно фер“.
„Имавме ситуација која веќе е надмината. Тоа беше временско решение и тоа временско решение треба да биде укинато“, заклучи Крмов, повикувајќи на надминување на „детските болести“ на општеството и политичкиот систем.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Крмов: Нашиот став е дека техничката Влада…
Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, денеска изнесе…
ТРУДНИЦА ИЗБРКАНА ОД РАБОТА ВО 33. НЕДЕЛА…
Маж и жена од Белгија, брачна двојка,…
Изгор цени во маркетите, граѓаните очекуваат допрва…
Ќе ја плаќа ли народот цената на…
Пазарна не констатирала криење залихи на гориво…
Контролите извршени од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ)…
САД гледаат знаци дека Иран се подготвува…
Американското разузнавање почна да гледа индикации дека…