Благојче Матовски пред две недели тргнал од Словачка за Струга, семејството трага по него и бара помош
Семејството Матовски од Струга две недели го бара исчезнатиот Благојче, кому му се губи трагата на пат од Словачка кон родниот град во Македонија.
Неговата внука, Жулиета, за весникот Вечер, во очај вели дека, освен од Амбасадата во Будимпешта, немаат никакви информации од македонската полиција, каде што веднаш го пријавиле 69-годишниот Благојче за исчезнат. За разлика од нашата, полицијата во Унгарија пред неколку дена објавила потрага по македонскиот државјанин и ги известила сите гранични премени.
– Исчезнатиот е облечен во црна јакна и фармерки, има седа коса, речиси целосно оштетен слух и зборува само македонски, стои во објавената потрага на интернет-страницата на унгарската полиција.
Жулиета Матовска, чие семејство сега најмногу стравува за животот на Благојче, вели:
– Кога се јавивме во полициската служба на Интерпол во Скопје, прво нè прашаа: „Од каде го најдовте бројот?“, а потоа ни кажаа дека надлежни за случајот се во полицијата во Струга.
Неговото патешествие почнало во Словачка, каде што живеел седум години, по што решил да се врати во родното огниште. Купил автобуска карта до Виена, од каде што требало да се качи на авион до Охрид. Го пропуштил автобусот и преспал на станица, па решил да се качи на воз, од словачкиот град Кошице до Белград.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја убил 17 годишната девојка во Богданци,…
Изгореното безживотно тело кое вчера било пронајдено…
До недела стабилно време, за викендот утринската…
До недела времето ќе биде стабилно, со…
„Сестра, брат и шахта“ на Милчо Манчевски…
Македонскиот режисер Милчо Манчевски освои една од…
Уапсена мајка осомничена за убиство на едногодишната…
Полицијата во Нови Сад ја уапси 33-годишната…
Унгарија отвори дел од архивите на комунистичката…
Унгарија објави дел од достапните податоци од…