Димитриеска-Кочоска: Сега имаме реален раст на платите, инфлацијата веќе не го „јаде“ буџетот на граѓаните
Состојбата сега и за време на енергетската криза е многу различна и не може да се споредува, иако Владата будно ја следи состојбата, многу внимателно и кога прави предлози ги прави врз основа на податоци кои се веродостојни и реални, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во „Само интервју“ на ТВ Канал 5.
„Многу внимаваме и ја следиме будно состојбата и кога ги правиме и предлозите ги правиме врз основа на податоците коишто се веродостојни и реални. Тогаш состојбите беа многу поразлични од денес. Во тој период имавте инфлација којашто беше многу повисока во однос на инфлацијата којашто ја имаме денес. Вкупната инфлација за 2022 година била 14,2%, растот на платите тогаш бил 10,9% и реалниот раст на платите бил во суштина во минус, односно инфлацијата го подјадувала домашниот буџет. Или конкретно за тој месец кога ги воведоа мерките и кога ние зборувавме тогаш ние имаме ситуација на номинален раст на платите 10% но реален е 1,2%, односно инфлацијата во тој период во тој месец е 8,8%. Меѓутоа во инфлацијата ние не можеме да ги гледаме сите бројки. Најважна ни е пред се храната. Тоа е она за што сите се зборуваме, во тој момент растот на храната бил 11,4%. Значи повисок во однос на растот на платите“, рече министерката.
Таа додаде дека денес имаме друга ситуација и состојби во која имаме вистински реален раст на платите во однос на инфлацијата и растот на храната е понизок како трошок во однос на тоа како растат платите. Во 2022 година инфлацијата на храна била 21% како просечна, а сега инфлација на храна во јануари е 5,2%.
Повтори дека состојбите се следат будно, на дневна основа во рамки на институциите и дека врз основа на тоа ќе се носат одлуките. Посочи дека има законско решение што е во моментот на сила и дека доколку има потреба ќе се менува, но напомена, дека промената многу често е поврзана и со други законски решенија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Димитриеска-Кочоска: Сега имаме реален раст на платите,…
Состојбата сега и за време на енергетската…
ВЛЕН побара објаснување од министерот Лимани за…
Коалицијата ВЛЕН побара јавно објаснување од Фатмир…
Мицкоски: По сите параметри Македонија дејствувала поефикасно…
Ако се спореди тоа што ние како…
СДСМ прашува: Мицкоски, како не ти е…
Од СДСМ попладнево испратија соопштение со реакција…
Одбележани 45 години од формирањето на САЕ…
Денеска беа одбележани 45 години од формирањето…