Македонските деца не се финансиски писмени

t

Македонските ученици не се доволно финансиски писмени. Имаат само основни познавања, но и тоа не знаат како да го применат.

Финансиската писменост кај учениците од основно образование е на ниско ниво покажа анализата на Бирото за развој на образованието.

Учениците имаат познавање за базичните поими, но не и за применување на финансиската писменост. Министерството и сите надлежни институции развиваат програми за најмладите да научат како да управуваат со сопствените средства, да штедат, да вложуваат, да предвидуваат ризик. Покрај темите во одредени предмети учениците имаат и изборни предмети.

Давателите на финансиски услуги често агресивно, неретко дури и лажно рекламираат комплексни финансиски продукти кои се надвор од можноста за разбирање од страна на мнозинството граѓани истакна гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Истражувањата покажуваат во земјава речиси 56 отсто од населението е финансиски писмено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Tрамп со брутална порака до Иран: „Она…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека…

Русија издаде налог за апсење на правнукот…

Русија го бара правнукот на Кенеди оти…

Седум активни пожари низ Македонија

На ден 17.08.2026 година, до 18:00 часот,…

Нови седум осомничени за транспорт на марихуана…

Досегашниот тек на истрагата, што од февруари…

Клековски повика на празнење на базените поради…

Мерките за справување со епидемијата на западнонилска…