Пожар на Јабланица, ангажирани се два армиски хеликоптери!

t

По барање на градоначалникот на Општина Струга, г-дин Менди Ќyра, а во координација со директорот на Центарот за управување со кризи, г-дин Мухамед Али, беа преземени активности за справување со пожарот на планината Јабланица.

Поради исклучително непристапниот и тежок планински терен, интервенцијата од копно беше значително отежната, поради што беа ангажирани два хеликоптери на Армијата на Република Северна Македонија, кои обезбедуваат воздушна поддршка во гаснењето на пожарот.

Во исто време, во регионот на Струга е евидентиран и друг активен пожар во селото Боговица, каде што надлежните служби дејствуваат со копнени сили.

Надлежните институции се на терен и остануваат ангажирани сè до целосно стабилизирање на состојбата.

Поради непристапноста на теренот Територијалната противпожарна единица Струга, според командирот, Фети Мазари, побарале помош за гасење од воздух.

– Теренот е непристапен, два дена го гасиме од копно заедно со екипи на Македонски шуми. Вчера побарав од Центарот за управување со кризи помош за гаснење од воздух – изјави Мазари, нагласувајќи дека не постои опасност од зафаќање на селата.

ЦУК соопшти дека во исто време, во регионот на Струга е евидентиран и друг активен пожар во селото Боговица, каде што надлежните служби дејствуваат со копнени сили.

Општина Струга упати апел до граѓаните да покажат максимална внимателност и целосна одговорност.

– Палењето оган во планина, на ниви или на отворен простор е строго забрането. Секое такво дејствие претставува сериозен ризик за природата, имотот и животите на луѓето – соопшти Општина Струга.

Надлежните институции, посочуваат, се на терен и остануваат ангажирани сè до целосно стабилизирање на состојбата, а против секое лице што ќе предизвика пожар или ќе постапува неодговорно ќе бидат преземени строги законски мерки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…

Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…

Две мачки предизвикале голем пожар во стан…