Маскирано лице му го запали „Ренџ ровер“ на Курто Дудуш

t

Во Секторот за внатрешни работи – Скопје, денеска во 3:50 часот било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 37-годишното лице со иницијали Ф.О. од овој град.

– Според пријавеното, сопствениците на безбедносните камери забележале едно маскирано лице, кое истурило течност на возилото, по што веднаш се запалило возилото. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Дел од медиумите објавија дека станува збор за возило на сопругата на градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маскирано лице му го запали „Ренџ ровер“…

Во Секторот за внатрешни работи – Скопје,…

Цените на нафтата повторно растат по иранските…

Цените на нафтата пораснаа за над 1%…

Трамп: Не ни треба помош од никој

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се огласи…

Експлозија на цена на ѓубрива 2026: Уреата…

Експлозија на цените на ѓубривата – закана…

ЕУ со јасна порака до Трамп: Сам…

Министрите за надворешни работи на 27 земји-членки…