ДРАМА НА НЕБОТО НАД ЕВРОПА: Авион од Белград за Москва вратен среде лет – се сомнева дека во него биле Вулин, Бајатовиќ и Поповиќ
**Авион на „Ер Србија“, кој вечерва полетал од Белград кон Москва, ненадејно го прекинал летот и бил пренасочен назад кон српската престолнина. Според неофицијалните информации на српскиот портал „Нова.рс“, во авионот наводно се наоѓале тројца истакнати српски политички функционери – Александар Вулин, Душан Бајатовиќ и Ненад Поповиќ.**
Станува збор за летот JU134, кој според информациите објавени од „Нова.рс“, полетал од белградскиот аеродром „Никола Тесла“ во 18:48 часот, со планирана дестинација Москва.
Меѓутоа, откако авионот стигнал до воздушниот простор во близина на град во јужниот дел на Литванија, наводно била издадена наредба леталото да се врати во Белград.

Според изворите на српскиот медиум, причината за ваквата одлука биле безбедносни околности, но засега не е познато за каква конкретна закана или безбедносен ризик станува збор.
Тројца високи функционери наводно биле во авионот
„Нова.рс“ објавува дека во леталото, според неофицијални сознанија, се наоѓале претседателот на Движењето на социјалистите, Александар Вулин, директорот на „Србијагас“, Душан Бајатовиќ, и претседателот на Српската народна партија, Ненад Поповиќ.
Повикувајќи се на свој извор, порталот наведува дека наредбата за враќање на авионот наводно ја издал директорот за корпоративна безбедност на белградскиот аеродром.
Овие информации засега не се официјално потврдени, ниту е објавено соопштение што би ја разјаснило причината за прекинот на летот.
Претходно опозициски политичар праша: „Кој вечерва бега во Москва?“
Дополнително внимание предизвикала објавата на претседателот на Демократската партија на Србија, Срѓан Миливојевиќ, кој претходно во текот на денот на социјалната мрежа Икс поставил прашање:
„И кој тоа вечерва со летот во 18:30 часот бега за Москва?“
Неговата објава се појавила неколку часа пред информациите за враќањето на авионот.
Засега нема потврда дали изјавата на Миливојевиќ е поврзана со патниците на летот JU134, ниту дали тројцата споменати функционери навистина биле во авионот.
Останува нејасно и дали станува збор за техничка, оперативна или безбедносна причина за враќањето на леталото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДРАМА НА НЕБОТО НАД ЕВРОПА: Авион од…
**Авион на „Ер Србија“, кој вечерва полетал…
Пријавени прекини на интернет во делови од…
Во делови од Техеран се пријавени прекини…
„Кан“: Ирачкиот Катаиб Хезболах се закани дека…
Ирачката вооружена група Катаиб Хезболах, која е…
Николоски: „Гересхајмер“ со 120 милиони евра инвестиции…
Компанијата „Гересхајмер“ е значаен инвеститор во Македонија,…
(Видео) „Скај њуз Арабија“: Општини на северот…
Неколку општини во северен Израел одлучиле да…