Објавено на:

Албанија го прогласи Иран за спонзор на тероризмот, Израел ја поздрави резолуцијата нарекувајќи ја историска

t

По изгласувањето, од страна на албанскиот парламент, на Резолуцијата, со која Иран се прогласува за „држава спонзор на тероризмот“ реагираше Израел, оценувајќи ја како историска.

Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, преку објава на платформата X, изрази благодарност до премиерот Еди Рама и Парламентот за овој многу важен чекор.

Нарекувајќи ја историска, тој понатаму нагласува дека „ова е демонстрација на јасна морална димензија во надворешната политика на Албанија“.

„Високо ги ценам и им благодарам на албанскиот премиер Еди Рама и албанскиот парламент за историската резолуција усвоена денеска, со која Исламската Република Иран се прогласува за држава спонзор на тероризмот.

Според зборовите на резолуцијата: Тероризмот во сите негови форми претставува една од најсериозните закани за демократските општества.

Ова е уште една демонстрација на јасната морална димензија во надворешната политика на Албанија“, истакна Саар.

Резолуцијата парламентот ја изгласа денеска со 79 гласови „за“ на владејачките социјалисти.

На седницата, на која единствена точка на дневен ред беше резолуцијата, не присуствуваа пратениците од Демократската, Републиканската и од Партијата на слободата, наведувајќи дека „нема да учествуваат на седницата, која е свикана поради личната агенда на премиерот Еди Рама“.

Со документот исто така се бара владата да ги прогласи иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) и движењето Хезболах за терористички организации.

Албанија во почетокот на септември 2022 година ги прекина дипломатските односи со Иран и ги протера иранските дипломати откога го обвини Иран дека во текот на летото истата година извршил масовен кибернапад врз државни институции на земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Си Џинпинг пристигнува во САД на 23…

Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе отпатува во…

Денес се празнува Светиот маченик Евсигниј

Беше војник кај царот Максимијан, кај царот…

Метео: Сончево и топло со услови за…

Сончево и топло со мала до умерена…

Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун –…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска посочи дека…

Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари…

Пентагон денеска објави дека потпишал договор вреден…