Постои Платформа за рушење на СДСМ од внатре осмислена од ВМРО, тврдат од опозициската партија

t

Соопштение за јавност

Постои Платформа за рушење на СДСМ осмислена од ВМРО, фатени во криминални скандали и без резултати, повторно се обидуваат да го рушат СДСМ од внатре, истакна денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа посочи дека по разоткривањето на бизнис мрежата на Мицкоски во енергетиката, од Адамовиќ до „Руднап“, следува координиран обид за дефокус и рушење на СДСМ од внатре.

„Фатени во криминални скандали, без никаков резултат зад себе, на ВМРО-ОКГ не им останува ништо друго освен да пробаат да ја рушат СДСМ. Последните анкети направени од самата ВМРО покажуваат дека власта има голем пад на поддршката а има раст на рејтингот на СДСМ. Затоа ова се случува. Затоа и постои така наречената ‘Платформа’ – тоа е ‘Платформа за рушење на СДСМ од внатре’, осмислена од страна на ВМРО“, рече Кузеска.

Таа порача дека овие обиди нема да успеат и дека СДСМ останува обединет и посилен.

„Ние нема да дозволиме да се руши СДСМ. Овие очајнички обиди на ВМРО нема да успеат. СДСМ има нова сила – нова енергија. Единствени зад борбата против криманлната власт на Мицкоски и ВМРО. СДСМ за секој еден криминал на власта која бесрамно краде од граѓаните ќе продолжи да ја објавува вистината и со вистината ќе се бори против оваа криминална власт. Посилни од кога било му дадовме ветување на ВМРО: сите ќе одговараат. Продолжуваме да ги октриваме сите криминално-коруптивни дејствија на ВМРО и Мицкоски.“ рече Кузеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Постои Платформа за рушење на СДСМ од…

Соопштение за јавност Постои Платформа за рушење…

СДСМ: Цела недела Владата на Мицкоски не…

„Помина цела недела, Владата не презема никакви…

СДСМ: Платите ниски, цените растат, а Владата…

„Работниците во Македонија едвај врзуваат крај со…

СДСМ: Авион од 100 милиони евра, мерцедеси…

Соопштение на СДСМ Срамна и безобразна е…

ДКСК: Нема судир на интереси кај Томовски…

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК)…