На 30 март почнува судењето против Стојанче Јовановски
На 30 март (понеделник) во Основниот кривичен суд Скопје ќе започне судскиот процес против Стојанче Јовановски за случајот со самоубиството на неговата сопруга Ивана во скопско Тафталиџе.
Обвинението беше поднесено на 13 март од Основното јавно обвинителство Скопје и на обвинетиот му се ставаат на товар три кривични дела: телесна повреда како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување и помагање во самоубиство.
Според обвинителството, постапката се однесува на подолг временски период на психичко и физичко малтретирање, како и на настаните од 2 март, по што обвинителството оцени дека постои основ за кривично гонење. Во обвинителниот акт е опфатен и предлог за продолжување на мерката притвор поради опасност од бегство и можност да продолжи со насилнички дела.
Случајот предизвика силен јавен интерес откако по трагедијата беа отворени прашања и за институционалната заштита од семејно насилство, како и за навременото постапување на системот. Со закажувањето на првото рочиште, предметот сега влегува во судска фаза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Млада битолчанка со остар предмет го нападнала…
Вчерашната вечер не се покажала како празнична…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
Трајко Славески за лошите резултати на учениците:…
Во објава на социјалните мрежи, актуалниот гувернер…
Од сабота „Безбеден град“ и во Велес
„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…