Хамнеи со прво обраќање: Иран нема да преговара!
По неколкунеделен молк и бројни шпекулации, новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, за првпат ѝ се обрати на јавноста откако го наследи својот татко, кој беше убиен во американско-израелски напад кон крајот на февруари.
Во остар и бескомпромисен говор, Хамнеи реагираше и на атентатот врз Али Лариџани, порачувајќи дека Техеран нема намера да отстапи од својата политика и дека нема да прифати никакви иницијативи за деескалација.
Главната порака од неговото обраќање беше јасна – нема да има преговори, ниту прекин на огнот, сè додека, како што изјави, „САД и Израел не бидат поразени“. Со ова, практично се гасат надежите за брзо смирување на тензиите на Блискиот Исток.
Хамнеи нагласи дека Иран ќе продолжи со цврстата стратегија, и покрај загубите во врвот на власта, додавајќи дека затворањето на Ормутскиот теснец ќе остане средство за притисок врз противниците. Овој потег веќе има сериозни последици врз глобалните пазари, со значителен раст на цените на нафтата.
Говорот беше посветен и на ликот на Лариџани, кого Хамнеи го прогласи за „маченик“ и истакна дека неговата смрт нема да остане без одговор. Тој го опиша како клучна фигура во безбедносниот апарат на Иран и долгогодишен стратег на режимот.
Воедно, новиот лидер испрати и директна порака до земјите во регионот кои имаат американски воени бази, барајќи нивно затворање и предупредувајќи дека ќе мора да изберат страна во конфликтот.
Со ваквите ставови, Иран јасно сигнализира дека конфликтот може дополнително да ескалира, наместо да се движи кон дипломатско решение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хамнеи со прво обраќање: Иран нема да…
По неколкунеделен молк и бројни шпекулации, новиот…
(Видео) Новинари „за влакно“ избегнаа смрт при…
Дописникот на руската телевизија „Русија денес“, Стив…
Шпионски скандал во Словенија: Јанша призна дека…
Политичката сцена во Словенија влегува во последната…
Вучиќ: Од утре дизелот реално ќе чини…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека…
Драма на Кардиологија: Пациент со закани кон…
Медицинска сестра од Клиниката за кардиологија во…