СДСМ по апсењето на Анакиев: Кој од власта стои зад новиот корупциски скандал во земјоделието?

t

СДСМ обвини дека последниот случај со апсењето на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, претставува сериозен показател за, како што велат, системска корупција во институциите под раководство на Владата.

Од опозициската партија посочуваат дека Анакиев е лишен од слобода под сомнение за примање поткуп од 50.000 евра, оценувајќи дека станува збор за „уште еден доказ“ за, како што наведуваат, организирано делување на власта.

СДСМ потсетува дека неодамна беше отворен и друг случај поврзан со земјоделскиот сектор, во кој директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството беше исто така осомничен за примање мито во ист износ.

-Ваквите случаи имаат директни последици врз земјоделците и врз функционирањето на системот. Поради корупциски скандали беа суспендирана ИПАРД 3 програмата вредна 130 милиони евра, а намалени се субвенциите и откупните цени.
Прашањето е кој друг од власта е вмешан? Не може толку многу корупција да има на пониските ешалони, а врвот да не знаел, наведуваат од СДСМ.

Од партијата бараат темелна истрага која ќе ја утврди одговорноста „од првиот до последниот“, нагласувајќи дека институциите треба да постапуваат неселективно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ

СДС го проби дното и ги нарече…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ против дата-центрите, дури…

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека претседателот на СДСМ, Венко…

Петровски: Го сменија името, сега ја бараат…

*Објава на Фејсбук на Филип Петровски СЕГА…

Мицкоски: Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа…

Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа кредити…

Жерновски бара Обвинителството да отвори истрага за…

Обвинителството да отвори истрага за унгарскиот кредит…