АХВ спречи увоз на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) по контроли спроведени на граничните премини во текот на минатата недела спречи увоз на 50 тони небезбедна храна што требало да заврши на македонскиот пазар.
-Официјалните ветеринари на АХВ на граничниот премин Ќафасан забранија увоз на 27 тони говедско мелено месо по потекло од Парагвај. Одлуката за забрана за влез на месото во нашата држава е донесена по направената проверка во информативниот систем на АХВ и на увознатата документација според која количините кои требале да се увезат и да завршат на македонскиот пазар потекнувале од објект кој не е одобрен од Агенцијата за храна и ветеринарство, со што не се испоплнети основните безбедносни стандарди за увоз, односно постојат сомнежи за здравствена исправност на месото, што претставува ризик за потрошувачите, соопшти АХВ.
Како што посочуваат, инспекторите за храна минатата недела забранија увоз и на пратка со 22 тони ореви по потекло од Казахстан поради несоодветно означување и отстапки во пропишаните критериуми за квалитет и безбедност на храна.
-Поради тоа целата количина од 22 тони вратена е во земјата на потекло, односно, забранет е нејзин пласман на македонскиот пазар, прецизираат од АХВ.
Од АХВ нагласуваат дека контролите на увозот на храна од страна на официјалните ветеринари и инспекторите за храна ќе продолжат со засилено темпо, со цел да се спречи внесување на небезбедни производи и апелираат до увозниците строго да ги почитуваат законските регулативи и стандардите бидејќи здравјето на граѓаните останува врвен приоритет за институцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АХВ спречи увоз на 50 тони небезбедна…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) по…
АХВ: Уништени над 1 тон небезбедна храна…
Илјада и десет килограми небезбедна „здрава храна”…
АХВ апелира сопствениците да ги микрочипираат своите…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира…
АХВ нема да постапува по анонимни пријави…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира…
Внимавајте! АХВ повлечена формула за доенчиња АПТАМИЛ…
Инспекциските служби на Агенција за храна и…