Предметот „Кочани”, Савески: Ќе имам средба со јавните обвинители коишто постапуваат во конкретниот предмет да се запознаам со состојбите
Новиот државен јавен обвинител Ненад Савески најави дека ќе има средба со обвинителите кои постапуваат во предметот „Кочани“, со цел да се запознае со текот на постапката и доказите во случајот.
Во интервју за 360 степени на Македонска Радио Телевизија, Савески изјави дека предметот е во рана доказна постапка и дека е можно да се почека позрела фаза од процесот за да се направи целосна анализа.
„Ќе имам средба со јавните обвинители коишто постапуваат во конкретниот предмет да се запознаам со состојбите. Имајќи предвид дека предметот е во доказна постапка, рана доказна постапка, можеби е добро да дојде фаза од постапката којашто е позрела за да може соодветно да се согледаат состојбите во предметот и да дадам свој став“, изјави Савески.
Тој нагласи дека нема намера да се меша во работата на обвинителите, посочувајќи дека секој јавен обвинител треба да постапува независно и врз основа на доказите.
Во однос на дилемите во јавноста околу правната квалификација во случајот, Савески рече дека јавниот обвинител може да ја менува квалификацијата на делото сè до завршување на постапката, доколку во текот на судењето се појават нови факти или докази.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Експлозивна направа фрлена кон куќа во Бардовци,…
Министерството за внатрешни работи соопшти дека ноќеска…
Иран нуди награда од 30.000 долари за…
Иран нуди награда од 30.000 долари за…
Нов случај на западнонилска треска и во…
Бројот на потврдени случаи на западнонилска треска…
Маж-монструм од Гостивар: Сопругата ја принудувал на…
На 16.08.2026 година полициски службеници од ПС…
Шумски пожар се шири на грчки остров…
Грчките пожарникари и денеска, втор ден по…