Најскапата куќа лани била продадена во Центар за 1,5 милиони евра, деловен простор достигнал цена од 6,8 милиони евра
Пазарот на недвижности во 2025 година се карактеризира со стабилност, висока активност и зголемен интерес за инвестирање, при што урбаните средини остануваат во фокусот, покажува годишниот извештај на Агенцијата за катастар на недвижностите.
Становите и понатаму се водечки сегмент – учествуваат со 33% во вкупниот број трансакции и дури 48% во вкупната вредност на пазарот. Иако бројот на продадени станови е намален за 3,9%, нивната вкупна вредност е зголемена за 10,8%, што укажува на раст на цените.
Најголема активност има во општините Центар, Аеродром и Карпош, каде што се регистрирани и највисоките просечни цени – 1.692 евра/м² во Центар, 1.558 евра/м² во Аеродром и 1.419 евра/м² во Карпош.
Најскапиот стан во текот на годината бил продаден во Аеродром за 166.500 евра, додека рекордната цена за куќа е постигната во Центар и изнесува 1,5 милиони евра. Највредниот деловен простор, исто така во Центар, достигнал цена од 6,8 милиони евра.
Во 2025 година биле реализирани вкупно 33.381 трансакција, што е раст од 7,6% во споредба со претходната година. Од нив, 23.470 се купопродажби (зголемување од 4%), а 9.911 се договори за закуп, кои бележат значително повисок раст од 17%.
Вкупната вредност на пазарот достигнала 1,14 милијарда евра, што претставува зголемување од 12,9% во однос на 2024 година, при што најголем обем на средства е реализиран во последниот квартал – околу 314 милиони евра.
Земјоделското земјиште и шумите имаат учество од 31% во вкупниот број трансакции, додека градежното земјиште учествува со 14%, но бележи значителен раст на вредноста од 36%. Куќите учествуваат со 13% и имаат раст на вредноста од 37%.
Најразвиен пазарот е во поголемите урбани центри, каде што се реализирани најмногу трансакции – 2.414 во Центар, 1.963 во Аеродром и 1.791 во Карпош.
Највисоката цена по квадратен метар е постигната во Аеродром и изнесува 3.784 евра/м².
Сегментот на новоградби е најдинамичен во скопските општини, при што најголем раст на цените на становите од инвеститори има во Центар (31%), додека во Охрид е забележан пад од 4%.
Пазарот на закупи достигнува вкупна месечна вредност од околу 4 милиони евра. Во оваа категорија доминираат становите со 35% учество и раст од 15%, додека деловните простори учествуваат со 34% и бележат раст од 24%.
Извештајот укажува на зголемена побарувачка за изнајмување и континуиран развој на секторот. За 2026 година се очекува умерен раст, проследен со поголем интерес за инвестиции и дополнително проширување на пазарот на закупи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најскапата куќа лани била продадена во Центар…
Пазарот на недвижности во 2025 година се…
Денеска Регулаторна ќе објави нови цени на…
денеска Регулаторната комисија за енергетика ќе објави…
Тренчевска: Џабе премиерот ги моли големите маркети…
На оваа власт не ѝ е во…
Мицкоски утре ќе бара од маркетите да…
„Факт е дека како држава имаме убедливо…
СКОК НА ЦЕНИТЕ: Дизелот поскапува за 14,5…
Малопродажната цена на Еуродизел се зголемува за…