Прв случај на птичји грип кај луѓе во Европа потврден во Италија
Првиот случај на птичји грип кај луѓе во Европа е потврден во Италија, во Ломбардија, кај лице кое го заразило вирусот надвор од континентот и во моментов е хоспитализирано и во изолација, објавија денес италијанските власти. Италијанското Министерство за здравство објави дека во моментов нема причина за загриженост и дека ситуацијата континуирано се следи, објавија италијанските медиуми.
Сите планирани мерки за надзор се спроведени, контактите на пациентот се идентификувани и воспоставена е координација со регионалните власти, италијанскиот Национален институт за здравство и референтните лаборатории. Експертите од италијанскиот Национален институт за здравство наведуваат дека птичјиот грип е вирусна инфекција која првенствено се јавува кај птиците, особено кај дивите видови, кои се главни преносители. Како што истакнуваат, вирусите на птичји грип имаат голема способност за мутирање, а некои соеви неодамна се регистрирани кај цицачите, вклучувајќи говеда и домашни миленици, особено мачки.
Според италијанското Министерство за здравство, преносот на луѓето се случува главно преку директен контакт со заразена живина или контаминирани средини и материјали, додека преносот од човек на човек не е регистриран. Оние кои се во близок контакт со заразени птици, како што се ветеринарите и работниците во живинарството, се изложени на најголем ризик. Повеќето од овие вируси се релативно безопасни за луѓето, но одредени мутации можат да ја зголемат нивната способност за пренесување на други видови, вклучувајќи ги и луѓето. Симптомите кај луѓето обично се благи или отсутни, но може да вклучуваат треска, болно грло, кивање и конјунктивитис, додека во потешки случаи може да се појави акутна респираторна болест.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прв случај на птичји грип кај луѓе…
Првиот случај на птичји грип кај луѓе…
Италија ги намалува даноците на горивата додека…
Италијанската влада донесе уредба за намалување на…
(Видео) Огромна лавина затрупа туристи во Италија
Масовна лавина го погоди подрачјето Вал Вени…
27-годишен Македонец во кома по страшна несреќа…
27 -годишен македонски работник, жител на покраината…
Италија нема да учествува во „Одборот за…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…