13-годишно дете прегазило друго дете со кола во Арачиново, тешко го повредило
Ужасен инцидент се случил вчера во Арачиново, кога 13-годишно дете кое возело автомобил „Форд“ прегазило 14-годишно момче, кое е тешко повредено и било итно пренесено на скопските клиники, соопшти МВР.
„На 24.03.2026 во 09:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„10“ во с.Арачиново, скопско, патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 13-годишник, удрило во 14-годишник, двајцата од с.Арачиново. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 14-годишникот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Автомобил удрил во човек во инвалидска количка
На улицата „Борис Трајковски“ во Скопје се…
ВЛЕН: Арачиново се менува со конкретни проекти…
Арачиново секојдневно се менува преку реализација на…
Трагедија: Маж загина откако со мотоцикл удри…
На 06.09.2026 година околу 13:00 часот во…
Тетовец возел со три промили алкохол во…
На 05.09.2026 во 13:00 часот, полициски службеници…
Тешка сообраќајка пред Блаце – долги колони…
Тешка сообраќајна несреќа се случи на патот…