„Се преправав дека сум болен за да не одам во училиште“: Детали од сведочењето на Коста Кецмановиќ
Коста Кецмановиќ денеска продолжи со своето сведочење во Специјалниот суд во Белград, каде во првиот дел од рочиштето зборуваше за неговиот однос кон училишните обврски пред масакрот. Тој откри дека често отсуствувал од настава користејќи изговори.
„Имав 211 отсуства, еднаш настинав, а другите денови се преправав дека сум болен, бидејќи ми беше тешко да одам на училиште“, изјавил тој пред судот.
Пред почетокот на исказот, судијата го информирал малолетникот дека сега има статус на оштетена страна. Ова следува откако Високото јавно обвинителство во Белград ги обвини неговите родители за занемарување и злоупотреба. На прашањето на судијата дали ја разбира новата позиција, тој кратко одговорил: „Разбрав, ќе сведочам“.
Во досегашниот тек на рочиштето, момчето потврди дека останува на сите претходни тврдења во врска со настанот. „Стојам зад сè што досега изјавив“, дециден бил Кецмановиќ.
На претходните сослушувања, тој детално го опиша планирањето на злосторството, признавајќи дека во училиштето ги донел двата пиштола на неговиот татко. Како мотиви ги наведе семејните притисоци за постигнување врвни резултати и вештините за ракување со оружје кои ги стекнал претходно.
Транспортот до судот и денеска беше под максимално обезбедување. Момчето беше пренесено со санитетско возило од клиниката, со облечен панцир и скриено под чадори при влезот во зградата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Се преправав дека сум болен за да…
Коста Кецмановиќ денеска продолжи со своето сведочење…
Камионџија од Македонија усмртил пешак во Србија…
Триесет и тригодишен стружанец е уапсен во…
Србија ја продолжува Уредбата со која се…
Владата на Србија ја продолжи Уредбата за…
OFAC ја продолжи лиценцата на НИС до…
Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC)…
Српската влада ослободува 40.000 тони дизел од…
Српската влада денес одлучи да ја продолжи…