Снежен хаос во Хрватска: Затрупани автопати и пораки со предупредување до граѓаните
Силен снежен бран и интензивни ветрови ја зафатија Хрватска, предизвикувајќи сериозни проблеми во сообраќајот, особено во планинските региони, пренесува хрватски Индекс.
Автопатот низ Горски Котар е затрупан со снег, а зимските служби се постојано на терен за расчистување. Поради влошените услови, Хрватски авто-клуб (ХАК) издаде посебни предупредувања до возачите.
Утринава во 6 часот, граѓаните добија порака од Цивилната заштита со апел за зголемена претпазливост поради обилните снежни врнежи, како и линк за следење на актуелната состојба.
Зимски услови владеат на дел од патиштата во Горски Котар и Лика, додека на крајбрежјето дува силен ветер. Поради тоа, воведени се ограничувања за одредени категории возила, а сообраќајот за камиони со приколки и шлепери е целосно запрен.
Чистењето и посипувањето на патиштата се одвива на повеќе делници, но на некои места сообраќајот е забавен поради присуство на механизација.
Надлежните апелираат возачите да бидат внимателни, да одржуваат безбедно растојание и да не тргнуваат на пат без задолжителна зимска опрема.
Според прогнозите, времето во текот на денот ќе биде нестабилно, ветровито и значително постудено, особено во внатрешноста на земјата. Ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, локално и поројни врнежи проследени со грмежи, додека на Јадранот се очекуваат пообилни врнежи.
Во внатрешноста, дождот на места ќе преминува во лапавица, а во повисоките и планинските подрачја – во снег.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватскиот остров Црес избран за најдобар скриен…
Хрватскиот остров Црес е избран за најдобар…
Летната потрошувачка на електрична енергија во Хрватска…
Потрошувачката на електрична енергија во Хрватска летово…
Јадранка Косор повика Хрватска да ги блокира…
Поранешната хрватска премиерка Јадранка Косор ја повика…
Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…
Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…