ДУИ бара мерки за заштита на животниот стандард: „Да почнеме со минимална плата од 35 илјади денари“
Демократската унија за интеграција преку соопштение изрази загриженост за влошувањето на животниот стандард на граѓаните, што според нив е резултат на недоволните економски политики на Владата.
„Иако Владата се пофали со зголемување на платите за околу 1.600 денари, реалноста на терен покажува дека трошоците за живот во изминатата година се зголемени за најмалку 6.000 денари месечно по домаќинство. Ова значи дека граѓаните реално се соочуваат со пад на куповната моќ и секојдневно се борат да ги покријат основните потреби. Цените на храната, електричната енергија, горивата и основните услуги бележат континуиран раст, додека мерките на Владата остануваат задоцнети и недоволни. Наместо системски решение граѓаните добиваат зголемување со кои не можаат да ги покриваат ни трошоците за храна и пијалоци“, велат од ДУИ.
Од партијата посочуваат дека е неопходно итно преземање на конкретни мерки за стабилизирање на цените и заштита на животниот стандард, во спротивно, ќе продолжи трендот на осиромашување на граѓаните и зголемување на социјалната нееднаквост.
„ДУИ останува посветена на предлагање реални и одржливи решенија кои ќе обезбедат економска стабилност и подобар живот за сите граѓани. Да почнеме со зголемување на минималната плата од 35.000 денари“, соопштија од ДУИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
Просечната нето-плата во јули достигна 48.499 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во…
ВЛЕН: ДАЛИ АХМЕТИ ГО ПУШТА ГРУБИ НИЗ…
Колку повеќе Али Ахмети се обидува да…
Владата најави можност за докуп на до…
Граѓаните на кои им недостигаат до 24…