Филипче: Антикризните мерки се задоцнети и нецелосни, евидентирањето на лекарите со фингер принт е понижувачко
Претседателот на СДСМ, Венко Флипче денеска уште еднаш оцени дека владините мерки во однос на кризата се задоцнети. Како што рече, одговорајќи на новинарски прашања, Македонија е единствената земја во регионот, а веројатно и во Европа, која воведува мерки, а, според него, цените на горивата растат.
-Мерките се апсолутно задоцнети и нецелосни. Почна спиралата на покачување на цените на храната. Се е поскапено, сите основни прехранбени продукти се поскапени за над 10, 20, 30 отсто, млечни производи, јајца, зејтин, овошје, зеленчук,… И да почне да се намалува цената на нафтата, тие цени нема да се вратат. Мерки со кои цените на горивата растат – каде го има тоа? Никаде. Не знам што објаснува премиерот кога вели дека ќе има само мало поскапување на дизелот. Вели и дека ја следат ситуацијата. Што следат ако ништо не прават? Дали се само неми набљудувачи или се Влада која треба нешто да направи за да им помогне на граѓаните? Ние сме очигледно единствена земја во регионот и веројатно во Европа што воведува мерки, а цените на горивата растат, вели Филипче според кого граѓаните навистина ќе почувствуваат бенефит, со намалување или барем ограничување на цените.
По средбата со својот хрватски колега, претседателот на СДП, Хајдаш Дончиќ, Филипче ја квалификува и како понижувачка најновата мерка што ја најави министерот Алиу – за евиденција на работното време на лекарите со отпечаток од прст (фингер принт).
Според него, Владата наместо да ги зголеми платите на лекарите, воведува евиденција со фингер принт, која дополнително ги дестимулира и ги брка од јавното здравство во приватните болници. Човек што доаѓа од ИТ сектор, не знае, рече Филипче, што значи медицина и здравствен сектор.
-Ваква мерка која докторите ги сведува на работници во фабрика, нема никаде во светот. На овој начин лекарите се бркаат од јавното здравство во приватните болници. Како се мери работното време кога имате хируршка интервенција што трае час, два или три, кога се спасуваат човечки животи? Наместо вакви понижувачки мерки, треба да ги зголемат сериозно платите на лекарите. Платите не се мрднати од наше време, кога ние ги зголемивме за неколку пати, пет пати ги зголемивме за викенд-дежурствата и плус основните плати за 40 отсто. Тој тренд треба да продолжи, а не лекарите да се отчукуваат со фингер принт, подвлече лидерот на СДСМ.
Во однос на владината коалиција, Филипче рече дека полека се распаѓа и напомена дека СДСМ останува отворена за своите поранешни членови кои, вели, беа „прелажани“ откако заминаа во ЗНАМ, а сега се разочарани.
-Владината коалиција очигледно постепено се распаѓа. Во движењето ЗНАМ кое е предавничко, луѓето очигледно мислеле едно, но се покажало друго. Но, отворена им е вратата на прелажаните во СДСМ, тие треба да знаат дека ова им е матичната партија. Не може да мислат луѓето како Максим Димитриевски и Христијан Мицкоски дека некој само ќе седи во Собрание и ќе дига рака додека тие тераат бизниси, истакна Филипче на заедничката прес-конференција со Дончиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Антикризните мерки се задоцнети и нецелосни,…
Претседателот на СДСМ, Венко Флипче денеска уште…
ВМРО-ДПМНЕ со највисок рејтинг, Мицкоски со најголема…
Најновото истражување на јавното мислење, спроведено од…
Грозданоски со голи раце го уби Митрески…
Охриѓанецот Климе Митрески (76) е убиен на…
Чешка вели дека нема пари за одбрана…
Владата на Чешка, предводена од Андреј Бабиш,…
Продолжува драмата со кравите во Крива Паланка…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка…