Дончиќ: Ветата на Грција и Бугарија кон Македонија се „европска срамота“

t

Претседателот на хрватската Социјалдемократска партија (СДП), Хајдаш Дончиќ, ја оцени практиката на Грција и Бугарија да поставуваат вета на европскиот пат на Македонија како „европска срамота“. Тој истакна дека овие прашања треба да останат билатерални и да се решаваат директно меѓу земјите, наместо да се блокира европската интеграција на Македонија.

Дончиќ ги искажа своите ставови по средбата со лидерот на СДСМ, Венко Филипче, истакнувајќи ја силната поддршка на СДП за европската перспектива на Македонија. Тој подвлече дека ЕУ треба да се гледа како инструмент за постигнување стратешка цел – подобар живот за граѓаните – а не како самоцел.

На заедничката прес-конференција се разговараше и за збратимување на градовите во Македонија и Хрватска, како дел од подготовката за членство во ЕУ. Дончиќ потсети дека Македонија низ историјата секогаш имала добри односи со Хрватска, и нагласи дека за мали народи како нашите, ЕУ е најдобрата достапна асоцијација.

Филипче додаде дека делат иста визија со хрватскиот колега – европската интеграција да биде средство за подобар живот, со развиени урбани средини, повисоки плати и подобри услови за младите. Тој посочи дека искуството на хрватските општини покажува како развојот преку европски фондови може да донесе трансформација на јавните простори, додека во Македонија, според него, се случува брутална бетонизација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дончиќ: Ветата на Грција и Бугарија кон…

Претседателот на хрватската Социјалдемократска партија (СДП), Хајдаш…

Дроновска ескалација меѓу Украина и Русија, жртви…

Масивни дроновски напади во Украина и Русија…

ТРАМП МОЖЕ ДА ГИ ПОВЛЕЧЕ САД ОД…

Американскиот претседател Доналд Трамп посочи дека има…

Египет почнува да штеди струја- правилата ќе…

Рестораните, кафулињата, продавниците и трговските центри ќе…

Филипче: Антикризните мерки се задоцнети и нецелосни,…

Претседателот на СДСМ, Венко Флипче денеска уште…